Центар за семејна медицина Медицински факултет Скопје

1. чекор - отварање Ваш профил.
Регистрирајте се во горниот десен агол.
Лозинката мора да биде минимум 8 карактери.
Доколку сте регистрирани, најавете се.

Едукација

НАЦИОНАЛНИ УПАТСТВА И СТАНДАРДНИ ОПЕРАТИВНИ ПРОЦЕДУРИ ЗА ИМУНИЗАЦИЈА

Како дел од проектот на УСАИД за вакцинација против КОВИД-19 од 2023 година, Светска Здравствена Организација има за цел да обезбеди континуитет во обука на здравствените работници за КОВИД-19 и редовната задолжителна вакцинација на деца.
Во рамките на соработката помеѓу Медицински факултет, Центар за семејна медицина, Националната комисија за имунизација, Министерството за Здравство и Канцеларијата на Светската Здравствена Организација во Скопје, а во рамките на проектот финансиран од УСАИД: „Експертска поддршка за континуирана имплементација на националните упатства и СОП развиени во 2022 година и обука на здравствени работници и волонтери кои обезбедуваат COVID-19 и други вакцини во сите точки на вакцинација “ ги покануваме сите здравствени работници кои се вклучени во процесот на имунизација (Здравствени домови, Општи болници со проширена дејност и Центри за јавно здравје/Подрачни единици) на работилница:

„НАЦИОНАЛНИ УПАТСТВА И СТАНДАРДНИ ОПЕРАТИВНИ ПРОЦЕДУРИ ЗА ИМУНИЗАЦИЈА“

Цели на овие работилници се: да се освежат знаењета на здравствените работници за СОП-овите за Ковид-19 вакцинација и задолжителна имунизација и за контрола на инфекција и превенција, да се подобрат вештините за евиденција и пријавување на несакани настани по имунизација и да се подобрат вештините за ефикасна комуникација со поединци за КОВИД-19 вакцинација и задолжителна имунизација на деца.
Работилницата ќе се одржи со физичко присуство, од 11.30 до 15.00 часот во период септември-декември во 6 градови низ Република Северна Македонија.
На работилницата може да се пријават и вашите медицински сестри со кои работите во тим за имунизација.

*Бројот на лица по термин е ограничен и заземањето на истите е по принципот на редослед на пријавување. ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА СЕ ОТКАЖЕТЕ ДОКОЛКУ НЕ СТЕ ВО МОЖНОСТ ДА ДОЈДЕТЕ.
*Обуката е акредитирана од Лекарска комора на Р. Македонија.
*Сертификати ќе бидат врачени само на учесниците коишто целосно ќе ја следат обуката.


Со почит,
Проф д-р Катарина Ставриќ




Работилницата ќе се одржи со физичко присуство, во времетраење од 4 часа, во период мај-јуни во 11 градови низ Република Северна Македонија. На работилницата може да се пријават и вашите медицински сестри со кои работите во тим.

*Бројот на лица по термин е ограничен и заземањето на истите е по принципот на редослед на пријавување. ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА СЕ ОТКАЖЕТЕ ДОКОЛКУ НЕ СТЕ ВО МОЖНОСТ ДА ДОЈДЕТЕ.
*Обуката е акредитирана од Лекарска комора на Р. Македонија.
*Сертификати ќе бидат врачени само на учесниците коишто целосно ќе ја следат обуката.